МЗТ Скопје против Пелистер влегува со предност од 1:0 во победи во денешниот втор натпревар од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат.

Бранителот на трофејот повторно ќе ја има и предноста на домашниот терен, па доколку го добие вечерашниот натпревар, аеродромци ќе бидат многу блиску до посакуваната цел, смета еден од најискусните во тимот Војдан Стојановски.

„Пред нас е исклучително важен меч за двете екипи. Со победа ќе дојдеме на чекор до посакуваната цел, поради што ќе сториме сѐ за да ја повториме играта од неделната пресметка, која убедливо ја добивме.
Ако го испочитуваме договореното, како во напад така и во одбрана и ако одиграме борбено и пожртвувано, тогаш сигурен сум дека ќе се радуваме на крајот заедно со нашите навивачи и симпатизери, кои очекувам и овој пат да дојдат во голем број и да ни ја дадат и тоа како потребната помош од трибините“, вели Војдан. 

Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот,  ЌЕ МОЖЕ ДА ГЛЕДАТЕ САМО ОВДЕ ▶🔴