Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер вечерва ќе го одиграат натпреварот број два во финалето од кошаркарскиот плеј-оф односно разигрувањето за шампионската титула.
Аеродромци кои се актуелни бранители на шампионскиот трофеј покрај предноста од 1:0 во победи, во серијата што се игра до три триумфи, повторно ќе ја имаат и предноста на домашниот терен.
Како и пред четири дена, така и овојпат МЗТ ќе игра пред своите симпатизер во СЦ „Јане Сандански“.
Потсетување дека на првиот натпревар битолскиот клуб беше рамноправен само во првата четвртина, по што сино-белите во продолжението комплетно го контролираа резултатот и заслужено на крајот славеа и убедлива победа со 20 поени разлика (84-64).
Избраниците на Марјан Илиевски ќе мора многу да коригираат во одбраната, во играта под обрачите, доколку сакаат да бидат поконкурентни да денешната средба, но водено и во нападот каде на првата средба потфрлија странците Карутерс кој постигна само 2 поени и Силаџи кој средбата ја заврши со скромни 6 поени.
Играта на МЗТ сигурно повторно во најголема мера ќе зависи од организаторите Кафи и Вер кој заедно искомбинира 15 успешни додавања кон соиграчите, како и добрата реализација за три поени преку која аеродромци во клучните моменти ја направија и одржуваа разликата.
Мотивација секако нема да недостасува во двата табора, но чија тактира и реализација на истата ќе биде поуспешна ќе видиме на натпреварот што ќе започне од 19 часот.
Овој дуел љубителите на кошарката нема да може да го гледаат на ниту една македонска телевизија, поради настапите на двете наши одбојкарски селекции во европските лиги, па затоа следете го ВО ЖИВО ОВДЕ ▶🔴.