Екипата на МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1:0 против  Пелистер во финалето од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.

На првиот натпревар одигран во СЦ Јане Сандански, актуелниот шампион славеше победа над битолчан со 84-64 .

Првата четвртина, мина во израмнета игра за што говори и резултатот 18-18.

По пет минути игра во вториот период, МЗТ, поведе со двоцифрена предност 31-21. Имаа домаќините и најголеми +16 (39-23), за на одмор да заминат со предност со 12 поени (41-29).

И по третата делница која беше израмнета (20-20), аеродромци ја задржаа предноста од 12 поени (61-49). Во последниот период аеродромци ја одржуваа и зголемуваа предноста и на крајот славеа со 20 разлика

Најефикасен во победничката екипа беше Абу со 20, додека Крстевски постигна 16 поени. Кај поразените Стаиќ и Карпентер постигнаа по 16, а Маслинко   беше стрелец на 15 поени.

И следниот втор натпревар ќе се игра во Скопје, веќе во среда.

Финалната серија се игра во три добиени натпревар.