Продолжува агонијата за Мурињо и Рома во Серија А. Избраниците на Мурињо седум кола не знаат за победа во Италија па останаа без шанси за пласман помеѓу најдобрите четири.

Волчицата имаше се во свои раце, со голот на Ел Шарави во 11-тата минута беше на чекор до победа, но во финишот домаќините со брзи два гола направија целосен пресврт.

Прво Лука Јовиќ во 85-тата минута донесе изедначување за да само три минути подоцна Џонатан Иконе приреди целосен пресврт, вреден три бода.

Со овој пораз Рома остана на 60 бода и ги загуби шансите за пласман помеѓу најдобрите четири.