Реал Мадрид триумфираше на гостински терен против Севиља со 2:1, а младиот Родриго постигна два прекрасни погодоци.

Екипата на Мендилибар уште во 3-тата минута го отвори резултатот и со голот на Рафа Мир дојде до водство од 1:0. Родриго имаше одговор за домаќините и во 29-тата минута, по прекрасно изведениот слободен удар, го изедначи натпреварот на 1:1. Првиот дел без поголеми шанси за погодок дојде до својата кулминација.

Второто полувреме одлично го започнаа „кралевите“, кои со кратки проигрувања и одлични долги топки го контролираа целиот натпревар. Брилијантната соло-акција на Родриго во 69-тата минута, му донесе на Реал пресврт и водство од 2:1, а Бразилецот го постигна својот втор погодок вечерва.

Во 83-тата минута, Маркос Акуња доби заслушен црвен картон и Севиља остана со играч помалку. Избраниците на Карло Анчелоти одиграа мирно се до крајот и извојуваа гостинска победа со резултат од 2:1.

„Кралскиот клуб“ со оваа победа се искачи на второто место со 77 освоени бодови, четири повеќе од градскиот ривал Атлетико, кој има натпревар помалку, додека Севиља по денешниот пораз пополека ја губи трката за место во европските купови следната сезона.