По двата порази, Реал Мадрид вечерва успеа да слави со 2:1 против Рајо Валекано. Столе Димитриевски беше стандарден на голот на Рајо, меѓутоа не беше моќен да ги спаси од пораз.

Кралевите тргнаа доста офанзивно и повеќе ја посакуваа победата. После неколку полушанси во 31-та минута Карим Бензема го совлада нашиот Столе Димитриевски и донесе водство за домаќините. Во судиското надоплување Столе Димитриевски беше посупешен од Карим Бензема и не дозволи по втор пат да е совладан.

Во вториот дел прв се закани Дани Карвахал, но неговиот удар заврши над пречката. Се играше 84-тата минута кога Раул де Томас ги изненади домаќините и донесе израмнување. Рајо Валекано немаше сили да го зачуваат овој резултат и во 89-тата минута Родриго по втор пат ја затресе мрежата на Столе Димитриевски и ги постави конечните 2:1

Виљареал славеше пред своите гледачи со 2:0 и ја зголеми шансата за четвртото место кое води во Лига на Шампиони, додека Кадиз со овој пораз грчевито ќе се бори за опстанок до самиот крај. Николас Џексон со два погодоци во првиот дел и ја донесе оваа победа на жолтата подморница.

Севиља изгуби планирани бодови на гостувањето кај веќе испаднатиот Елче. Ерик Ламела во 10-тата минута донесе водство за екипата на Севиља. Во 18-тата минута Севиља остана со играч помалце, откако по еден остар старт Папе Гаје заработи директен црвен картон. Тете Моренте го постигна израмнувачкиот погодок и резултатот гласеше 1:1, што се испотави и конечен резултат за оваа средба.

Филип Василевски