Интер совладувајќи ја Фиорентина со 2:1 го освои Купот на Италија, а стрелец на двата погодоци беше Лаутаро Мартинез. Ова е 9-ти трофеј за „нероаѕурите“ во италијанскиот куп, но и втор пат по ред откако лани славеа над Јувентус.

На самиот почеток од натпреварот, во 3-тата минута, екипата на Фиорентина дојде до водство од 1:0 преку одличната акција која ја заврши Нико Гонзалез.

Интер до крајот на полувремето успеа да направи пресврт и и поведе со 2:1. Мрежата два пати ја затресе  Лаутаро Мартинез, кој биеше во 29-тата и 37-та минута.

Иницијативата во вториот дел ја презема Фиорентина и со одлични шанси кон голот на Самир Хандановиќ, го направи натпреварот неизвесен се до крајот. Цврстата одбрана на избраниците на Симоне Инзаги не дозволи никакви изненадувања и судијата означи крај на овој натпревар (2:1).

Интер ја одбрани титулата во купот на Италија.