Челниците на Ливерпул му спремија на Јурген Клоп засилување од средниот ред за следната сезона.

„Црвените“ веќе се збогуваа со повеќе играчи како: Роберто Фирмино, Џејмс Милнер, Наби Кејта, Алекс Окслеид-Чемберлен, па првото засилување ова лето ќе биде Алекс Мекалистер, според аргентинскиот новинар Гастон Едул.

По големите трансфери во последните години на Брајтон, како Бен Вајт во Арсенал за 58 милиони евра и Марк Кукуреља во Челзи за 65 милиони евра, сега тие ќе добијат дури 80 милиони евра од Ливерпул.

Мекалистер по фантастичното светско првенство кое го одигра и го освои, стана мета на повеќе фудбалски великани во Европа. Прво го бараше Челзи, па Јувентус, но Мекалистер ќе се игра на „Енфилд“ и тоа за големи пари.

Мекалистер се согласи на сумата и од следната сезона да игра за „црвените“, останува само да се финализира договорот.