Фудбалерите на Брентфорд направија голем подвиг откако со пресврт стигнаа до победа во првиот натпревар од 37.коло од Премиер лигата. Тие на гостувањето го совладаа Тотенхем со 3:1, иако противникот првиот дел го заврши со водство од 1:0. Со новите три бодови Брентфорд ги врати шансите за пласман на седмото место и учество во Конференциската лига на УЕФА следната сезона. Брентфорд има 56 бодови, а Тотенхем остана на 57, додека Астон Вила има 57.

Тотенхем поведе во 8.минута со прекрасниот гол на Хари Кејн. Во моментите на иницијатива домашниот тим не го зголеми водството, а пресвртот дојде во вториот дел. Во 50.минута Брајан Мбеумо изедначи на 1:1, а истиот фудбалер во 62.минута реализираше уште една контра на идентичен начин за водство на Брентфорд од 2:1. Конечните 1:3 ги постави Јоан Виса во 88.минута по грешката на одбраната на Теотенхем.

Брентфорд во последното коло игра против Манчестер Сити на домашен терен, а Тотенхем гостува кај Лидс, кој грчевито се бори за опстанок.