Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев, кој со екипата на Интер во 2010-година ја освои Лигата на шампионите, на синоќешното свое гостување на италијанската телевизија „Скај Спорт“ говореше за реванш дуелот меѓу Интер и Милан по кој вечерва ќе го дознаеме првиот финалист во Лигата на шампионите.

Пандев се присети на дуелот со Барселона, споредувајќи го тогашниот тим на Интер со актуелниот состав, за кој струмичанецот нагласи дека овој тим на Интер е далеку од неговиот што ја освои шампионската лига.

„Интер е силен, но не се споредува овој со тој во 2010 година. Тогаш Ето можеше сам да ви донесе победа. Симоне е променет, минавме пет години во Лацио, тој знае како е да се пати, имаше потешкотии, но со финалето мислам дека ќе направи извонредна работа. На крај се надевам и дека ќе ја освои европската титула, Интер такво нешто заслужува“, рече Пандев.

Пандев се присети и на моментите кој тој ги преживувал пред дуелот со Барса.

„Јас последните две ноќи пред тоа полуфинале со Барселона не спиев и после само пет минути на мечот, сѐ беше нормално. Мислам дека Интер има доста искусни играчи, физички се добри, но треба да го заборават првиот меч“, истакна Панев. 

Ќе се остварат ли прогнозите на Пандев дека Интер големи шанси за влез во финалето останува да видиме по натпреварот што ќе се игра вечерва од 21 часот.