Иако ракометната сезона во Македонија, полека привршува, а до крајот на екипите им останува да одиграат уште по два натпревари, сепак во таборот на скопски Бутел уште од сега размислуваат за наредните сезони.

Така денеска чуварот на мрежата Бојан Блажески го продолжи договорот со Бутел Скопје за уште две сезони.

Блажески е во клуб е долго време, а за следната сезона посакува уште подобри резултати.

„Од самото постоење на клубот го носам дресот на Бутел. Оваа година ми беше доверена позначајна улога во екипата за разлика од претходните години и мислам дека ја оправдав.
Меѓутоа одиме понатаму желен сум за подобар успех, подобра сезона од оваа и на индивидуално и клупско ниво“, изјави Блажески по потпишувањето на новиот договор.

Претходно екипата на Бутел ја продолжи соработката и со Кристијан Давитковски на уште две години, додека младиот Дејан Михајловиќ останува „верен„ на Бутел се до 2026 година