Ленче Андреевска која важи за една од најдобрите фудбалерки во таборот на Каменица Саса изјави дека во финалето ќе слави екипата која ќе покаже дека повеќе ја сака победа и цврсто е уверена дека тоа ќе биде токму нејзината екипа.

„Фудбалот е непредвидлива игра во која победува онoј кој е похрабар, по дисциплиниран, тој што повеќе ќе ја посакува победата. Во однос на истото би кажала само дека сме тим кој заслужува да го освои купот и цврсто верувам во истото“, вели Андреевска.

Таа не ги криеше пофалните зборови за противник и најави дека ќе не очекува одличен натпревар.

„Љуботен е добар тим, а нивниот пласман на табелата го покажува истото.
Натпреварите со нив се вистинска борба за престол и според тоа очекувајте добар фудбал.“

Натпреварот од големото финале во футсалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција е закажан за денес со почеток во 16 часот на стадионот во Ѓорче Петров.

Филип Василевски