Финалето во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција ќе се одигра денес со почеток во 16 часот, на стадионот во Ѓорче Петров. Силите ќе ги одмерат екипите на ЖФК Каменица Саса од Македонска Каменица и ЖФК Љуботен од Тетово.

Екипата на Каменица Саса е во мисија да ја одбрани титулата во купот на Македонија, откако минатата година се искачија на тронот совладувајќи ја екипата на АС Јунајтед со високи 4:0 во големото финале.

Ова за нив е прилика да дојдат до својот втор трофеј во Купот на Македонија.
За разлика од екипата на Каменица Саса, Љуботен го игра своето прво историско куп финале.

Екипата од Тетово е во одлична форма ако се земе во предвид дека во полуфиналето ја наполнија мрежата на Шкеднија со 13 погодоци. Се очекува Љуботен да има голема поддршка од трибините, бидејќи е најавен организиран превоз за нивните фанови.

Честа да го суди големото финале и припадна на Ирена Величкоска, а нејзини помошнички ќе бидат Елена Соклеска Илиевски и Тамара Цветановиќ, додека четврт судија ќе биде Марија Коневска.

Филип Василевски