Со победата над градскиот ривал Еспањол со 4:2, екипата на Барселона на четири кола до крајот на сезоната во Ла Лига ја обезбеди шампионската титула.

целата работа избраниците на Чави ја завршија уште во првото полувреме кога веќе имаа три гола предност, а до 53-тата беше и 4-0 откако по два гола постигнаа Левандовски и Кунде.

Со трите освоени бодови Барселона сега има недостижна 14 бода повеќе од лутиот ривал Реал Мадрид.

За Барса ова е 47-ми трофеј шампион на Шпанија, а прв по пауза од четири години.