Во Втората македонска фудбалска лига, денес со почеток од 17 часот ќе се одигра последното 30-тото коло. Сите 8 натпревари ќе се одиграат во ист термин, а вниманието ќе биде кај екипите кои се борат за опстанок.

Каменица Саса ја очекува тешко гостување кај битолски Пелистер. Пелистерци останаа со празни раце кога е во прашање пласманот во Прва лига, па за нив овој натпревар и нема некое значење. За разлика од Пелистер, овој натпревар е како финале за Каменица Саса, натпревар во кој можат да обезбедат опстанок.

Во екипата на Тетекс се врати победничкиот дух и сега гледаат кон опстанок во лигата. Ги очекува тешко гостување кај екипата на Арсими, која на домашен терен игра одличен фудбал.

Локомотива Скопје својата последна шанса за опстанок ќе ја има на домашен терен. Пред својата публика ја дочекуваат екипата на Беса. Иако овој натпревар нема значење за екипата на Беса, сепак нема да има лесни бодови за домаќинот.

Математички шанси за опстанок и да стигне до бараж има и екипата на Слога Виница. Виничани ги очекува тешко гостување на жешкиот терен во Радовиш, каде што ќе ги одмерат силите со Детонит Плачковица.

Во борбата за првата позиција Воска спорт ја очекува гостување во Велес. На овој натпревар Воска спорт важи за голем фаворит со веќе испаднатиот Борец и се очекува да го задржи првото место.

Спортски е Гостивар да се надева до самиот крај и да очекува да се случи чудо во Велес, па со нивна победа кај Караорман да го зграбат првото место.

Вардар откако обезбеди бараж, на гостувањето кај Кожуф се очекува да ги одмори своите клучни фудбалери и да заштеди сили за баражот со Скопје.

На последниот натпревар силите ќе ги одмерат Охрид и Беласица. Овој натпревар нема големо значење кога е во прашање бодовното рангирање, но секако дека има значење за нивната чест и двете екипи ќе сакаат со победа да ја завршат сезоната.

ВТОРА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 30.КОЛО (17 ЧАСОТ)
ПЕЛИСТЕР – КАМЕНИЦА САСА
КОЖУФ – ВАРДАР
БОРЕЦ – ВОСКА СПОРТ
КАРАОРМАН – ГОСТИВАР
ОХРИД – БЕЛАСИЦА
ЛОКОМОТИВА СКОПЈЕ – БЕСА
АРСИМИ – ТЕТЕКС
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – СЛОГА ВИНИЦА

ТАБЕЛА:
1. ВОСКА СПОРТ 72 бодови
2. ГОСТИВАР 70
3. ВАРДАР 63
4. ПЕЛИСТЕР 57
5. БЕСА 48
6. ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 47
7. АРСИМИ 40
8. ОХРИД 38
9. БЕЛАСИЦА 35
10. КАРАОРМАН 34
11. КОЖУФ 33
12. КАМЕНИЦА САСА 30
13. ТЕТЕКС 28
14. ЛОКОМОТИВА СКОПЈЕ 27
15. СЛОГА ВИНИЦА 25
16. БОРЕЦ 2

Филип Василевски