Жозе Мурињо како и секогаш е потполно спремен за нов европски предизвик. Чекор по чекор, екипата на Рома се движи кон втората европска титула во двете години „владеење” на Мурињо.

Тренерот на Рома изјави дека неговиот тим е подготвен да се бори во Лига Европа. Запрашан за Чаби Алонсо, и нивниот однос Мурињо даде интересен одговор.

„Не сме се виделе многу одамна. Можам да ве уверам дека секогаш сме имале одличен однос, нешто повеќе од тренер и играч. Дали играм против него, дали против Симеоне Инзаги не ми е гајле, не ми менува ништо. Знам дека учеше од мене, Бенитез, Гвардиола, Анчелоти и многу други.” – вели Мурињо.

За Баер и Лига Европа, Жозе имаше само пофални зборови.

„Баер ни е втора екипа против која играме, а претходно испадна од Лига на Шампиони. Ваква е Лига Европа, натпреварување од највисокото ниво. Има екипи со голем потенцијал. Но, без разлика на проблемите што ние ги имаме, верувам дека можеме да се натпреваруваме”, изјави „Специјалниот”.

Натпреварот е на програма вечерва со почеток од 21. часот, а дали Мурињо ќе се радува на нов европски успех останува да видиме.

Андреј Вељановски