Муса Диаби е клучна фигура во напредокот на Баер Леверкузен, кои стигнаа до полуфиналето во Лига Европа оваа сезона.

Француското крило постигна три гола и имаше две асистенции на шест настапи во ова натпреварување досега, и се надева дека ќе го зголеми бројот во полуфиналниот двомеч со Рома.

„Знаеме дека заслужуваме да сме тука. Успевавме да ја подигнеме нашата игра кога и да требаше. Стигнувањето до полуфиналето не е никаков подвиг, бидејќи клубот долго време не стигнал до последните четири на едно европско натпреварување. Заслужуваме да бидеме тука и ќе направиме се што е во наша моќ да стигнеме до финалето”. – вели тој.

Францускиот фудбалер за натпреварот со Рома покажа само воодушевување.

„Ќе биде одличен натпревар. Двата тима ќе се борат за победа, а знаеме колку се силни италијанските клубови во моментов. Очекувам голем натпревар бидејќи ја познаваме Рома, го познаваме нивниот тренер и нивните страствени навивачи. Ќе ни требаат и на нас поддршка. Ќе ни требаат навивачите да не мотивираат да одиграме два одлични натпревари, за да можеме да се пласираме во финалето за нив” , посочи Диаби.

За тренерот Чаби Алонсо, Диаби верува дека се е плод на неговото искуство.

„Кога стигна овде, првата цел му  беше да го промени менталитетот на тимот. Тој побара од нас да заборавиме на она што се случувало предходно, и да стигнеме таму каде што сакаме, не советуваше да играме како да почнуваме нова сезона. Чаби Алонсо го донесе целото свое искуство во клубот, и го користи она што го поминал како играч за да ни помогне да се подобруваме на дневна основа. Досега се снајде навистина добро, и се надеваме дека така ќе продолжи. Многу сме среќни што тој е наш тренер, тимот игра добро и ние одиме во вистинската насока, затоа успеавме да се искачиме на табелата во Бундеслигата и да стигнеме до полуфиналето на Лига Европа” , заклучи играчот на Леверкузен.

Диаби верува во Чаби Алонсо и неговиот тим, но сега се пред вистински испит на нивната моќ, против единствениот Жозе Мурињо и Рома. Колку ќе се снајдат под притисокот што го носи самото натпреварување и самиот Мурињо ќе дознаеме во вечерниот дуел на големите европски гиганти, кој почнува во 21:00 часот.

Андреј Вељановски