Интер славеше голема победа над градскиот рува, Милан во првиот полуфинален дуел.

Избраниците на Симоне Инзаги целата работа ја завршија во првиот дел кога ги постигнаа двата гола, со што направија голем исќекпр кон финалето.

Инзаги не го криеше задоволството и радоста од овој одличен резултат .

„Многу сум задоволен. Имавме извонредно прво полувреме. Можевме да постигнеме повеќе од два гола, но тоа беше одличен натпревар. Ние сме во предност, сега во  реваншот ќе ги имаме во голем број и нашите навивачи. Знаеме дека треба уште да вложиме огромен напор пред да почнеме да сонуваме“, изјави по натпреварот Инзаги.

Ќе ја сочува ли Интер предноста од 2:0 и ќе се пласира ли во финалето во Истанбул останува да видиме по реваншот закажан за во вторник (16 мај).