Шампионот Голден Стејт не се предава. „воините“ ги совладаа „Лејкерс“ со 121-106 со што го намалија резултатот на 2:3 во победи во полуфиналето на Западната конференција, па серијата се враќа во Лос Анџелес.

Домашната екипа цело време го контролираше натпреварот. Големата мотивација на „Вориорс“ се одрази и со тоа што тие веќе постигнаа 70 поени во првото полувреме, што е најголем број кошеви постигнати на Лејкерси во првото полувреме од мечот од 2000 година, кога Феникс им даде 71.

Најзаслужен за многу важниот триумф на актуелниот шампион беше Стефн Кари, кој мечот го заврши со 27 поени и осум асистенции, додека кај поразениот тим Леброн Џејмс имаше учинок од 25 поени и девет скока.

Шестиот натпревар од плејоф серијата е закажан за во сабота наутро (4 часот), во  Лос Анџелес, каде Лејкерс ќе ја имаат втората меч топка за пласман во финалето на Западната конференција.