Ракометарите на ПСЖ предводени поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија Раул Гонзалез постигнаа победа на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите против бундеслигашот Кил. Францускиот првак победо со 31:27 (13:12).

Првиот дел мина во изедначена игра со минимална предност на една од екипите, а резултатот беше изедначен дури девет пати. Првата разлика од +2 ја имаше ПСЖ (12:10). На стартот од вториот дел гостите во неколку навртаи имаа и + 3 (16:13, 17:14; 18:15; 19:16), а брзо потоа следуваше и серија од 3-0 за Кил и 19:19. По 20:20 во 47.та минута благодарение на неколку одбрани на Јаник Грин, ПСЖ повторно „се одлепи“ што се покажа како решавачко за победа на првиот дуел. Во овој период гостите од Париз во неколку наврати имаа и четири голови предност.

Сандер Сагосен од Кил со 9 голови бепе најефикасен, додека Даинис Кристопанс, Соле Сала и Елохим Пранди кај ПСЖ постигнаа по 6. Голманите на двата тима данските интернационалци Никлас Ландин и Грин имаа по 12 одбрани. Реваншот се игра на 17.мај – среда.

На првиот четвртфинален дуел Висла и Магдебург одиграа нерешено 22:22.

Утре се играат дуелите: Веспрем – Киелце и ГОГ – Барселона.