Реал Мадрид со победата во финалето над Осасуна со 2:1 дојде до својот јубилеен 20-ти трофеј во Купот на Шпанија.

Конечниот резултат не ја отсликува реалната ситуација која се одвиваше на теренот, бидејќи Реал беше значително подоминантен и подобар ривал и можеше да слави со поубедлив резултат.

Избраниците на Карло Анчелоти на одличен начин го отворија натпреварот и поведоа уште во втората минута. Винисиус Јуниор го вработи Родриго, кој одлично се снајде и погоди за 1:0. Реал имаше уште многу шанси во првото полувреме, меѓу кои Тони Крос ја погоди гредата , но резултатот остана непроменет.

На стартот на вториот дел Осасуна израмни. Се играше во 58.минута кога Лукас Торо успеа да го совлада Тибо Куртоа.

Но, радоста на тимот од Памплона не траеше предолго. „Кралевите“ повторно поведоа во 70.минута, а стрелец повторно беше Родриго. Бразилецот ја искористи одличната можност во која се најде и со тоа го постави конечниот резултат 2:1 и донесе нов трофеј на својот тим.

Така Реал стигна до трофејот во „Копа дел Реј“, на кој се чекаше цели девет години, со оглед на тоа што „кралскиот клуб“ за последен пат го освои  во 2014 години.