Екипата на Ленс ја добива трката за второто со Марсеј, бидејќи победи во дуел за директен пласман во Лигата на Шампиони. Со резултат од 2:1 Ленс ги совлада Марсеј.

Марсеј во 9.та минута преку Алексис Санчез постигна гол, но тој беше поништен поради фаул. Секо Фофана во 42.та минута дрелаше за водство на Ленс.

Во второто полувреме Ленс преку Лоис Опенда во 60.та минута зголеми на 2:0. Пајет со гол во 88.та минута намали на 2:1.

Марсеј имаше неколку шанси за реми, преку Нуно Тавареш во 94.та минута, но обидот беше неуспешен.

По 34 одиграни кола Ленс е на втората позиција со 72 бода и во моментов се во позиција на директен пласман за Лига на Шампиони.

Токму Марсеј им е директен противник кој сега после одиграното коло падна на третата позиција со 70 бода. ПСЖ е лидер со 75 бода со натпревар помалку.

Андреј Велјаноски