Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров официјално се шампионки во женската Супер лига. Куманово успеа да оствари победа над  екипата на Ѓорче Петров во седмото коло од женската Супер лига во плеј-офот со резултат 29:28.
Натпреварот стартуваше со серија од 4-0 на Ѓорче Петров, а Куманово намалија на 4:3, но „домаќините“ повторно со серија 3-0 поведоа со 7:4. Куманово не се откажаа и успеаја да израмнатна на 7:7 и со нова серија од 3-0 поведоа со 10:7. Домашните ракометарки израмнија, па на полувреме заминаа со +2 за резултат 13:11.
Второто полувреме стартуваше со одлична игра гол за гол на двете екипи и неизвесност до крај. Гостинките успеаја да поведат со +2 за 19:17. Но, Ѓорче не се откажа, па во 18 минута од вториот дел израмни на 20:20. Последните десет минути донесе извонредна и неизвесна игра. Куманово успеваше да направи минимално водство, но домашните ракометарки израмнуваа.  Сепак Куманово успеа да издвои минимална победа со резултат 29:28.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Зечециќ Сузана со осум погодоци, а кај поразената екипа Анастасија Николовска даде десет гола.

ЖРК Ѓорче Петров е прв на табелата со 34 бодови, пред Куманово со 28, а на третата позиција е Чаир со 27 и натпревар помалку.