Победата на Реал Мадрид во полуфиналето на Купот на кралот над Барселона со 4-0 и понатаму е главна вест во Шпанија.
Мадриѓаните буквално го понижија најголемиот ривал и ќе продолжат да се борат за трофејот во ова натпреварување каде ривал ќе им биде Осасуна која со вкупен резултат 2:1 го елиминираше Атлетик Билбао.

Па, токму овој факт е многу важен во овој момент, бидејќи тренерот на Реал, Карло Анчелоти уште во февруари предвиде дека овие два клуба ќе се сретнат во финалето.

Тоа се случи по нивната пресметка во Ла Лигата на 18 февруари, кога по триумфот од 2:0, стратегот на актуелниот европски шампион му пришол на својот колега на клупата на тимот од Памплона и му рекол:

Ќе играме против вас во Купот на кралот“

Финалето помеѓу Реал Мадрид и Осасуна ќе се одржи на 6 мај (сабота) во Севиља со почеток од 22:00 часот.