Во своето 42.финале, Реал Мадрид ќе се обиде по 20-ти пат да го освои Купот на Шпанија, а негов противник ќе биде екипата на Осасуна. 

Во составот на „кралскиот клуб“ се враќаат опоравените Лука Модриќ и Давид Алаба. Тренерот Карло Анчелоти доби зелено светло од докторот и двајцата ги стави на списокот за финалето, со тоа што Алаба одработи три тренинзи, а Модриќ само еден.
До утрешното финале, останува уште Карлито да одлучи дали и двајцата ќе играат од стартот на натпреварот.

„Кралевите“ со триумф над Барселона во полуфиналето обезбедија пласман во финалето, додека Осасуна го победи Атлетик Билбао за да го одигра своето второ финале во ова натпреварување.

Последниот трофеј на Реал во Купот на кралот беше во 2014 година кога ја совладаа Барселона под водство на Анчелоти, и од тогаш не успеаја да се пласираат во финалето се до оваа година.

Финалниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Осасуна ќе се одигра на „Ла Картуха“ во сабота со почеток од 22:00 часот.