Сосиедад го победи Реал Мадрид со 2-0 и практично со тоа скоро ја испрати титулата на Премиера во Барселона. Реал Мадрид не беше толку надигран, но недостатокот на главните ѕвезди беше клучот на оваа средба.

Во првото полувреме играта беше прилично израмнета, поопасни бес гостите од Мадрид, но ниедна шанса не се искористи на двете страни. На почетокот на второто полувреме во 47-та минута доскорешниот играч на „Кралевите“, Такефуса Кубо го отвори резултатот.

Во 61-та минута црвен картон доби Дани Карвахал и го „десеткуваше” Реал.

Во 85-та минута за 2-0 погоди Баренетха и со тоа стави точка на натпреварот.

Како и секој пораз така и овој се слави на големо во Каталонија, но овој пораз е за тутула по пауза од 4 години за Барса во домашното првенство.

Реал Сосиедад е на 4-то место со 61 бод, додека Реал Мадрид е со 68 бода е втор и има само два  бода пред Атлетико Мадрид кој е трет со 66 бода. Барселона е лидер со 74 бода на 5 кола до крај на првенството.

Андреј Велјаноски