Тимот на Ленс не се откажува од директен пласман во Лигата на Шампионите следната сезона, па со минимална победа на гостински терен од 0-1 кај Тулуз, дојде на само еден бод зад второпласираниот Марсеј.

Победничкиот погодок за гостите беше дело на феноменалниот напаѓач, Луиз Опенда, кој во 30. минута дојде до својот 18 погодок оваа сезона, што го прави најдобар стрелец на тимот и четврти најдобар во Лига 1.

Тимот на Тулуз шансата на вечерта ја имаше во 95. минута кога Брисе Самба пропушти неверојатна прилика да донесе бод за својата екипа.

Со оваа победа Ленс има 69 бода и се наоѓа на третата позиција, со бод заостанување зад Марсеј и шест во однос на лидерот ПСЖ