Гоце Георгиевски го одигра последниот натпревар во црвено-жолтиот репрезентативен дрес на Македонија. 

За крилнот 36-годиншен ракометар денешниот натпревар против Турција, беше последен за македонската репрезентација.  

Токму популарниот „Џомба“, беше стрелец на последниот гол за Македонија на овој натпревар, по што следуваа овации и аплаузи од бројната публика и честитки од помладите соиграчи кои ќе имаат тепка задача да ги надминат достигнувањата кои Георгиевски ги доживеа и постигна во дресот на Македонија. 

Нормално, емоциите беа составен дел од неговата брилијантна репрезентативна кариера. 

Ти благодариме „Џомба“ за се .