Екипата на Пелистер, покрај актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром важи за еден од главните фаворити за шампионскиот трофеј во кошаркарското првенство.

Тренерот Маријан Илиевски го радува и фактот на добрата игра прикажана на последниот дуелот со МЗТ Скопје, во кој имаа шанса и за победа во Скопје.

Прва пречка на пелистерци во разигрувањето е Феникс „должникот“ од полуфиналната рунда во купот на Македонија.

„Амбициите кои ги имаше клубот се порано исполнети. Борбеноста и односот на сите играчи на паркетот ќе се потрудиме да ја задржиме и во плеј-офот, без разлика кој е противникот.
Имаме проблем со повредите, и тој момент кој не ни е наклонет и ќе биде фактор за пласманот во завршницата“,
смета Илиевски.

Дали Пелистер ќе ја продолжи серијата на победи во лигашкиот дел против Феникс останува да видиме во дуелот што почнува од 18 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ

Томислав Атанасовски