Екипата на Елче ги потопи Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано со 4-0. Последно пласираната екипа ги декласираше Столе и Рајо само неколку дена по победата над Барселона што ја остварија.

Натпреварот се смени во 27-та минута кога Лежеуне доби директен црвен картон.

Тоа им ја олесни играта на Елче за конечно во првата минута од судиското продолжение, во 46-та минута кога Тете Моренте му даде гол на македонскиот голман.

Во второто полувреме за само две минути (52-ра и 53-та) Боје и Фидел постигнаа два гола за водство од 3-0.

Конечните 4-0 Елче ги постави во 72-та минута кога Гумбау го внесе последниот гол во мрежата на Столе Димитриевски.

По 32 одиграни кола Рајо Ваљекано е на 9-та позиција со 43 бода, а Елче е последен со 16 бода. Лидер е Барселона со 76 бода која вечер е домаќин на Реал Бетис.

Андреј Велјаноски