Екипата на Шкендија  во Тетово во интересен натпревар со ефективни погодоци славеше победа од 3-1 над Македонија ЃП во воведниот натпревар од 30 коло во ПМФЛ.

Резултатот го отвори Бугаринот, Милев во oсмата минута од натпреварот, кога со удар со глава го совлада младиот голман на Македонија ЃП, Тасев.  Потегот на натпреварот го имаше Чинари кој во 35-тата минута со вистинска бомба го остави немоќен Тасев и зголеми на зголеми на 2:0.

До самиот крај на првото полувреме екипата на Македонија ЃП успеа да го намали резултатот преку Фазли кој во  39.минута и одлична акција го совлада Талески.

Вториот дел почна во знакот на гостите од Скопје кои во 54-тата минута имаа колосална шанса преку Стојковски, но Талески со неверојатна интервенција го неутрализираше неговиот удар и ја сочува својата мрежа.

Домаќините преку Рамадани  во 68мата минута ги уништи сите надежи на скопјани за поволен резултат.

Шкендија со оваа победа ја продолжува битката со Струга Трим Лум, а воедно и им се реваншираше на Македонија Ѓорче Петров за поразот во полуфиналето на купот.

Вредно е да се напомене дека денешната средба беше јубилејна за двајца фудбалери на Шкендија, Бетулај го одигра 300-тиот, а Мурати 200-тиот натпревар.

Филип Василевски