Португалецот. Рафаел Леао ги одбил понудите на Челзи и Реал Мадрид, бидејќи негов приоритет е да ја продолжи соработката со неговиот актуелен клуб Милан, пишува „Газета дело Спорт“.

Леао има договор со Милан до 30 јуни 2024 година. Италијанските медиуми пренесуваат дека менаџерот на играчот, Жорге Мендеш, наводно разговарал со претставниците на Челзи и Реал и им рекол дека неговиот клиент, не сака да го напушти тимот на Милан.

Мендеш најави дека ќе продолжи со преговорите со челниците на „Росонерите” околу продолжување на соработката со Леао.
Италијанскиот весник наведува дека раководството на Милан планира да ја зголеми платата на Португалецот на седум милиони евра по сезона.

Двете страни се уште не се договориле за исплата на долгот кон Спортинг кој изнесува повеќе од 20 милиони евра. Леао еднострано го раскина договорот со Спортинг во 2018 година.

Португалецот оваа сезона на 41 натпревар за Милан постигна 13 голови.

Андреј Велјаноски