Машката сениорската ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Луксембург каде утре ќе го одигра  петтиот, претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕП 2024 година.

Селекторот Кирил Лазаров во експедицијата поведе 18 ракометари, кои ќе конкурираат за тимот што утре ќе атакува на третата победа во овие квалификации.

Во Скопје останаа вардаровиот голман Мартин Томовски и ракометарот на Алкалоид, Едвин Омерагиќ, кои ќе работат индивидуално и ќе бидат во комбинација за последниот натпревар против Турција.

Императив за црвено-жолтите на двата натпревари секако е победа, доколку сакаат да ја продолжат традицијата и континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

Утрешниот натпревар против Луксембург започнува во терминот од 20.15 часот, додека дуелот со Турција што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ ќе започне до 18 часот.