Екипата на Милвоки која имаше најдобар “скор“ во регуларниот дел од сезоната и важеше за главен кандидат за шампионскиот трофеј во НБА лигата е пред елиминација уште во првата плеј-оф рунда.

„Бакси“ го претрпеа и третиот пораз во четвртфиналната серија со Мајами, откако ноќеска загубија на гостински терен со 119-114 па сега имаат неатива од 1-3 во победи.

Џими Батлер одигра натпревар за паметење. Со рекордни за него 56 постигнати поени, Батлер, влеше во „одбраното“ друштво на шестиот играч во историјата на НБА плеј-офот, по бројот на постигнати поени и се израмни со Вилт Чембрлен и Чарлс Баркли.

На вечната листа недостижен е Мајкл Џордан кој постигнал 63 поени (1986), а по него следуваат Елгин Бејлор 61 (1962) и Донован Мичел 57 (2020).

Она што е поважно, тимот на Мајами сега го дели само една победа до место во конференциското полуфинале, а таа шанса „Хитси“ ќе ја имаат на теренот на противникот веќе во четврток наутро.