Избраниците на Ерик Тен Хаг ќе играат ново финале и тоа во ФА купот откако дури по пенал рулетот го елиминираа тимот на Брајнтон.

Тимот на Брајтон има за што да жали, затоа што освен тоа што загубија на пенали, пропуштија и неколку изгледни прилики во текот на регуларниот дел.

Сепак свои шанси имаше и Јунајтед па откако мрежите останаа недопрени натрпеварот отиде во продолженија а потоа и на пенали.

Во пенал рулетот дури шест серии играчите беа сигурни за да во седмата серија Соли Марч промаши а Линделоф беше сигурен па Мачестер се радуваше на пласман во финалето.

Во финалето ќе се сретнат градските ривали од Манчестер, откако Сити со сигурни 3-0 го совлада Шефилд Јунајтед