Баерн Минхен направи голем „киксна“ и под прашање го доведе првото место на табелата. Баварците се поразен од Мајнц кој со голем пресврт во вториот дел го победи моменталниот лидер во Бундес Лигата со 3:1.

Први реализираа „баварците“ кој со голот на Мане, кој по 175 дена го постигна својот прв гол и им донесе предност на фгостите по првиот дел.

Во второто полувреме Мајнц влезе фуриозно, за 15 минути постига три гола.

Ајорке 65-тата израмни на 1-1, а по него следеа головите на Бареиро (73) и Мартин (79) кој со одлична завршница го постави конечниот резултат за победа со 3-1 за Мајнц.

Победата на Мајнц им овозможи шанса на Борусија Дортмунд да го преземе првото место од Баер, со победа над Ајнтрахт Франкфурт во натпреварот од 18.30 часот.