Стартува разврската за шампионскиот трофеј во домашното, македонско, одбојкарско првенство во женска конкуренција.

Попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ (18:30 часот), одбојкарките на Работнички Скопје и Јанта волеј ќе го играат првиот натпревар од финалето.

Актуелниот шампион и бранител на трофејот од мината сезона, Работнички ќе обиде сезонава да ја заокружи со двојна круна, откако веќе го освоија трофејот наменет за победниот во Купот.

На паток кон освојувањето на 16-тата шампионска титула, повторно им стои минатогодишниот противник Јанта волеј, тим против кого секогаш играле одлични натпревари.

Домашниот терен сезонава и не беше некоја предност, гаранција за успех, па затоа во оваа финална серија очекуваме интересна, атрактивна и неизвесна одбојка.

Трофејот ќе му припадне на тимот што ќе оствари три победи.

Потсетување дека во машкиот финале, актуелниот шампион Струмица Никоб вчера го доби првиот меч против ГОК  Борец, против кого вториот натпревар ќе го игра на гостински терен во Велес веќе во недела.