Познати се последните два полуфиналисти во третото по ранг фудбалско европско натпреварување – Конференциската лига.

АЗ Алкамр го доби својот противник во полуфиналето, а тоа е екипата на Вест Хем.

Англичаните очекувано ја оправдаа улогата на фаворит и го торпедираа тимот на Гент со високи 4:1. Првиот дуел заврши со нерешен резултат 1:1 и со вкупни 5:2 екипата на Вест Хем си закажа полуфинален двомеч со АЗ Алкмар и ќе се обиде да ја спаси лошата сезона што ја има во Премиер Лигата.

Екипата на Базел по потешкиот пат избори полуфинале, а таму ги чека Фиорентина.

Швајцарците имаа негатива од самиот почеток откако Ница поведе со голот на Лаборде. Во 86-тата минута успејаа да изедначат преку Аугустин, а во продолженијата од по 15 минути да дојдат и до целосен пресврт и да победа од 2:1 со голот на Адамс во 98.минута. Со вкупни 4:3 Базел се пласира во полуфинале каде ќе игра против Фиорентина, која претходно се коцкаше со предноста од првиот дуел, но сепак успеа да ја сочува.

Полуфиналните дуели се закажани за 11-ти и 18-ти мај, додека финалето е на 7-ми јуни во Прага.

Филип Василевски