Екипата на Баер Леверкузен го декласира Унион Сент Жиолаз победувајќи ги со 4-1 и заведувајќи билет за полуфинале во Лига Европа.

Текот на натпреварот беше познат уште во 2-та минута кога Диаби стрелаше за 1-0.

Бакер во 38-та минута погоди за 2-0 и од тука понатаму во прашање беше само конечниот резултат. Фримпонг во 61-та минута зголеми на 3-0, а само 4 минути подоцна Каспер Терхо намали на 3-1 и за многу мал момент врсти надеж на фановите кои останаа да го гледаат натпреварот.

Во 79-та минута Хлозек стави точка за конечни 1-4 и донесе радости за Чаби Алонсо и Леверкузен.

Германската гордост завери полуфинален дуел со подобриот од дуелот Рома-Феенорд во кој ќе се борат за влез во Лигата на Шампиони следна сезона.

Андреј Вељаноски