Мајк Браун по втор пат во кариерата е прогласен за најдобар тренер во најсилната светска кошаркарска конкуренција, НБА лигата.

Браун успеа да го „препороди“ тимот на Сакраменто кој по пауза од 17 години (2006-та) успеа да избори пласман во разигрувањето за титулата, односно плеј-офот. 

Признанието што го добива Браун има дополнителна тежина бидејќи тој едногласно беше избран за најдобар, прво од струката, односно Асоцијацијата на тренерите во НБА, а сега и од 100-ната новинари кои беа вклучени во гласањето.

Браун и во 2009-тата го доби ова признание тогаш како тренер на Кливленд.

Инаку тимот на Сакраменто, игра одлично и во плеј-офот во кој веќе забележа победи на првите две средби до актуелниот шампион Голден Стејт, па нема да биде изненадување ако „Кингси“ успеат да ги минат „Воините“ и да се пласираат во полуфиналето на Западната конференција.