Интер ја сочува предноста од првиот натпревар со Бенфика и со вечерашното реми од 3-3, се пласираше во полуфиналето на Лигата на Шампионите и закажа средба со градскиот ривал, Милан.

,,Нероаѕурите” се враќаат во полуфиналето прв пат по 2010-тата година кога на крајот и го освоија трофејот, последен Европски трофеј за Интер.

Резултатот го отвори Барела во 14. минута со одлична завршница откако доби одлична топка од  Лаутаро Мартинез.Бенфика успеа резултатски да се врати во финишот на полувремето преку  Аурснес во 38-та минута.

Во второто полувреме „нероаѕурите“ фуриозно напаѓаа и сето тоа се исплатеше со голот на Мартинез(65), а по него и Кореа(78), со што ги згаснаа соништата на Бенфика.

Бенфика преку Антонио Силва кој од слободен удар го совлада Онана во 86-та и Петар Муса во 94-тата минута успеа да се избори за реми и достојно испѓање.

Победата на Интер му донесе прво полу-финале после 14 години како и натпревар со вечниот ривал, прво Италијанско полуфинале после 20 години.