Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е прв на листата на желби на француски ПСЖ во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Франција.

Доколку клубот од Париз успее да го победи Баерн Минхен во битката за потписот на нигерискиот фудбалер, тоа ќе биде негово враќање во Лига 1, бидејќи во сезоната 2109/20 тој беше член на Лил, од каде пристигна во Неапол.

Осимен во тековната сезона постигна 25 гола за Наполитанците кои се убедливо први на табелата во Серија А и треба да се случи вистинско чудо, за да не ја освојат шампионската титула во Италија.

Одличниот напаѓач моментално се опоравува од повредата која го спречи да настапи на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Милан (0:1), но, според најавите од Апенините, треба да биде подготвен за реваншот кој ќе се игра следната недела на стадионот „Диего Армандо Марадона“.