Дербито од четвртфиналната рунда во Лига Европа помеѓу ќе се игра вечерва на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Рекордерот на натпреварувањето Севиља, на својот пат кон нив трофеј, ја има екипата на Манчестер Јунајтед која игра во одлична форма оваа сезона.

Хозе Луис Мендилибар тренерот на Севиља, претпазливо најави што ја очекува неговата екипа вечерва во овој двобој.

„Ние секогаш ги почитуваме нашите противници, но вечерва и Јунајтед ќе нé почитува нас.
Нашата историја со ова натпреварување е можеби поголема од нивната. Целта е победа”,
истакна Мендилибар.

Тренерот на Севиља напомена дека неговиот тим го очекува тешка седмица.

„Никогаш не правам математики. Знам дека играме со Манчестер, потоа со Валенсија и Манчестер повторно. Не гледам подалеку од тоа бидејќи има многу пред нас, но ако потфрлиме тие натпревари повеќе не вредат да се размислат”.

Натпреварот во Манчестер е еден од трите на програмата што започнуваат во 21 часот.

Андреј Вељаноски