Првиот натпревар воБелгиско – Холандската пресметка помеѓу Андерлехт и Аз Алкмар, заврши во полза на домаќинот, кој со 2-0 ќе патува на гостувањето во Холандија.
Мурило во 22-та и Ашимеру во 70-тата минута ги постигнаа двата гола за домашниот тим, за сигурна предност во пресрет на реваншот.

Многу понеизвесен беше наптреварот во Швајцарија помеѓу Базел и Ница, каде домаќинот поведе во 26-тата минута преку Амодуни, за да гостите преку Мофи во 38-та и 45-тата минута направи целосен пресврт.
Сепак радоста на госите ја расипа повторно Амдуни во 71-та минута кога со својот втор гол донесе реми од 2-2.

Во терминот од 18:45, Гент и Вест Хем одиграа реми 1-1, па и на овој натпревар патникот во полуфинале ќе се одлучува на реваншот во Англија