Манчестер Сити е домаќин на Баерн Минхен во првата голема пресметка на „топ“ фаворитите за трофејот во Лигата на шампионите.

Еден од нив, сигурно ја завршува сезоната во четвртфиналната рунда.
Искусниот дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Дијаш кој веќе ја искуси горчината на поразот во финалето, смета дека Сити годинава е подготвен конечно да стигне до трофејот.

„Еден мудар човек ми рече дека не го загубивме финалето во 2021 година, туку само сме еден чекор поблиску до него. Сè уште сме во потера по пехарот и ќе продолжиме да се бориме. Можам да ви гарантирам дека бориме за тоа. Тоа е посебно натпреварување, особено за нас. Ќе биде многу тежок натпревар, но ова натпреварување има за цел да ги победиме најдобрите“, вели Рубен Диаш.

Португалецот смета дека вечерашниот меч што започнува од 21 часот, можеби нема да го даде одговорот на конечниот победник во овој двомеч, но сигурно ќе биде дуел на две одлични екипи во кој ќе решава поголемата моментална инспирација.

Марио Петровски