Вечерва се игра натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу екипите на Бенфика и Интер.

Ова е натпревар од големо значење за двете екипи, а шансите за победник се подеднакви.

Домаќините сигурно најмногу очекуваат од својот голгетер, Гонзало Рамос е видно мотивиран за овој дуел и не криеше дека ја сакаат победата и на двата натпревари.

„Пристапот ќе биде ист како и секогаш. Секогаш влегуваме на теренот за да победиме. Мислам дека секој натпревар во оваа фаза од сезоната и од натпреварувањето би бил посебен. Имаме шанса да одиграме одличен натпревар, против добра екипа и ќе дадеме максимум. Сакаме да победиме и дома и во Италија“, вели Рамос.

Дуелот Бенфика – Интер започнува од 21 часот.

Филип Василевски