Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше немоќен вечерва да го спаси својот тим Рајо Ваљекано од пораз во дуелот со Атлетико Мадрид.

Пред своите симпатизери Рајо загуби од Атлетико со 2-1 во меч од 28-то коло на Ла Лига.

За само две минути, Столе, два пати мораше да ја вади топката од својата мрежа.

Прво Молина о 22-та, а потоа и Хермос во 24-тата минута го совладаа Столе, за водство на гостите од 2-0.

Рајо кој од 62-минута играше без исклучениот Лежун кој заработи црвен картон, до крајот на мечот (85-минута) преку Фран Гарсија само успеа да го ублажи поразот на 1-2.

Со оваа победа Атлетико се доближи на само два бода помалку од градскиот ривал Реал Мадрид кој вчера загуби пред своите симпатизери од Виљареал.