Последниот дуел од 30.коло во Францускиот шампионат меѓу Олимпик Марсеј и Лориен заврши без голови 0:0.

Натпреварот помина во борбена игра и тактично надмудрување без посериозни прилики за гол.
Првите 45 минути поминаа во неизвесна игра и речиси без сериозни шанси за гол на двете страни. Опсадата на голот на Вито Маноне, голманот на Лориен, во вториот дел не беше доволна за триумф на избраниците на Игор Тудор.

За одбележување е и прекрасна атмосфера на стадионот „Мустоар“ што ја направија навивачите на Лориен, кои од првата минута непрекинато ги бодреа своите играчи.

Со ова реми, Марсеј си ги намали шансите за титулата, а го доведе во прашање и второто место на табелата кое директно води во Лигата на шампионите, давајќи му шанса на Монако кој денеска исто така одигра без победник 2-2 со Нант.

Во следното коло Олимпик Марсеј ја дочекува нископласираната Троја, додека екипата на Лориен му гостува на Монако.