Френк Лампард повторно седнува на кормилото на Челзи. Овој пат во тренерската улога на „спасител“ на сезоната како што некогаш правеше во неговите играчки денови.

Денеска се потврди сензационалното враќање на клупската легенда, кое доаѓа како шок и привремено решение заедно. Додека се спомнуваа имињата на Јулијан Нагелсман и Луис Енрике, а за момент и на поранешниот кормилар Антонио Конте, изборот падна на „Супер Френк“.

„Тоа беше навистина лесна одлука за мене, бидејќи ова е мојот клуб. Исто така и сум многу практичен човек“, изјави Лампард.

Френк Лампард претходно неуспешно го водеше Евертон од каде што беше отпуштен во јануари.

Тој се враќа за да го замени „промашувањето“ на Челзи, Грахам Потер кој беше отпуштен во саботата по поразот од

Астон Вила (2-0). Потер пак го наследи Томас Тухел кој што беше доведен во јануари 2021 како замена токму за Лампард.

Во овој клучен дел на сезоната во која што следи дуел со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони и борба за место кое што ќе донесе европско натпреварување следна сезона, Френк Лампард доаѓа дома за да си го исчисти образот за неговата претходна авантура како кормилар на Челзи.