Ракометарите на Вардар направија голем исчекор кон завршниот фајнал-фор турнир во регионалната СЕХА лига.
Македонскиот првак, денеска пред своите симпатизер во „Јане Сандански“ забележаа убедлива победа во првиот четвртфинален меч против Војводина која ја совладаа со 13 голови разлика.
Иако противникот дојде во ослабен на обој меч, сепак тоа не ја девалвира убедливата победа на црвено-црните, напротив. Вардарци уште во воведните пет минути покажаа, кој е кој, па со стартните 5-0 ја најавија победата. Во продолжението нашиот шампион само ја зголемуваше предноста, па двојно повеќе голови од противникот замина на паузата (22-11), а на крајот Вардар победи со конечни 38-25.
Чувара со 10 голови беше најефикасниот ракометар во победничката екипа, за кој Моралес придодаде 8, а Фереира средбата ја заврши со 5 постигнати голови.
Така Вардар со голема предност од 13 голови ќе патува на реваншот во Нови Сад закажан за во вторник 11 април.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИТЕ ЧЕТВРТИНАЛНИ ДУЕЛИ
ВАРДАР – ВОЈВОДИНА 38-25
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТАТРАН ПРЕШОВ 37-29
ПАРТИЗАН – ВЕСПРЕМ 39-24
НЕКСЕ – ППД ЗАГРЕБ одложена